Лукаку на лето се сели во Мадрид?!

Ромелу Лукаку очајно сака да се врати во Интер/ фото: EPA-EFE/Sascha Steinbach

Финансиската криза во Интер може да го натера одличниот напаѓач да ја напушти Серија А и да заигра во Ла Лига.

Ромелу Лукаку сезонава е најдобар играч на Интер оваа сезона со досега 14 постигнати голови, но можно е од идната сезона да заигра во Ла Лига.

Шпанските медиуми шпекулираат дека одличниот напаѓач на крајот од сезоната може да потпише за Реал Мадрид. Имено, за овој трансфер лобира Еден Азар кој се надева дека неговиот колега од белгиската репрезентација ќе се согласи да потпише за „кралскиот“ клуб. Наводно Реал Мадрид веќе подготвил повеќегодишен договор за Лукаку кој ќе му носи 10 милиони евра на Лукаку.

Кинезите ќе го загубат Интер поради 400 милиони евра ?!

Дополнителен адут на Реал Мадрид во евентуалниот трансфер е финансиската криза во Интер чии сопственици интензивно бараат нов купувач.
Лукаку во Интер пристигна 2019 година кога за сума од 74 милиони евра пристигна од Манчестер јунајтед и досега на 56 натпревари постигна 37 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот