Лукаку: Конте ми кажа дека сум ѓубре

twitter/TrakFootball

Напаѓачот на Интер истакна дека тренерот го мотивира да го даде најдобро од себе на секој натпревар.

Ромелу Лукаку за време на летниот преоден рок пристигна во Интер од Манчестер јунајтед и е најзаслужен што „нероаѕурите“ се главен конкурент на Јувентус за титулата во Серија А.

Белгиецот досега во дресот на Интер постигна 18 голови на 26 натпревари, и открива дека за одличните игри најзаслужен е тренерот Антонио Конте.

– На еден од првите натпревари во Лигата на шампионите, против Славија Прага одиграв многу слабо. Тогаш Конте пред останатите фудбалери ми кажа дека сум ѓубре.

Исто така ми кажа дека ќе ме извади од игра по пет минути доколку продолжам да играм лошо. Следниот дуел го игравме против Милан и тоа беше еден од моите најдобри натпревари.

Конте како да ме разбуди, тој може да го направи тоа бидејќи кај него сите се еднакви. Конте се што треба ќе ви каже директно во лице – изјави Лукаку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот