Лукаку ќе биде замената за Хари Кејн во Тотенхем?!

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Ромелу Лукаку не е во плановите на Челси, потврди и Маурисио Покетино, а сега се појави уште една опција – Тотенхем, пренесуваат британските медиуми. Не е тајна дека Тотенхем бара замена за Хари Кејн, парите не се проблем, сопственикот на клубот Даниел Леви има 100 милиони евра за засилување до крајот на мандатот.

Челси е подготвен да го пушти Лукаку на крајот од преодниот рок, а особено откако пропаднаа преговорите со Јувентус околу размената за Душан Влаховиќ.

Лукаку досега имаше само конкретни понуди од Саудиска Арабија, па Тотенхем сега се покажува како нова опција за Белгиецот. За место во тимот на Тотенхем би се борел со Ришарлисон, кој баш и не се снаоѓа како најистурен напаѓач.

Бројките сè уште не се споменуваат, но не е невозможно да има забрзани преговори бидејќи до истекот на рокот остануваат уште само 11 дена.

Не треба да заборавиме дека Лукаку веќе еднаш преговараше со Тотенхем, кога менаџер беше Антонио Конте, но тогаш не беше постигнат договор, дали сега ќе биде поинаку?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот