Лукаку го врати Интер на второто место на табелата во Серија А (ВИДЕО)

твитер/интер

Во последниот натпревар од 22 коло во Серија А, Интер како гостин со 2:0 го совлада Удинезе.

„Нероаѕурите“ до победата дојдоа благодарение на одличниот напаѓач, Ромелу Лукаку, кој беше стрелец на двата гола.

На првиот гол се чекаше до 64. минута кога Лукаку немаше проблем да постигне гол по одличната аситенција на Барела. Седум минути подоцна, белгискиот репрезентативец беше прецизен од ударот од белата точка за триумф од 2:0.

За Интер деби настап имаше најновото засилување кое треба да помогне во трката за титулата, Кристијан Ериксен, кој дојде од Тотенхем.

Со ова победа, Интер се врати на второто место на табелата со 51 бод, два повеќе од Лацио кој пак има натпревар помалку.

Лидер на табелата е Јувентус со 54 бодови. Екипата на Удинезе за која не настапи македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски, остана на 15. место на табелата со 24 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот