Лукаку го откачи Гвардиола, останува во Интер

Италијанските медиуми пишуваат дека напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку ја одби понудата на Манчестер сити да се врати во Премиер лигата.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Ромалку Лукаку му се заблагодарил на Пеп Гвардиола на повикот, и дека одлучил да остане во Интер кој е на добар пат да ја прекине доминацијата на Јувентус во Серија А.
Лукаку има големо искуство од играње во Премиер лигата, белгискиот репрезентативец го носеше дресот на Челси, ВБА, Евертон и Манчестер јунајтед од каде пристигна во Интер.
Гвардиола во Лукаку ја гледаше идеалната замена за Серхио Агуеро, но Белгиецот ја одби понудата бидејќи игра како препороден во Серија А.
На 84 натпревари за Интер постигна 58 гола и ги оправда вложените 74 милиони евра кои Интер во 2019 година ги плати на Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот