Лукаку е невиден малер, дури десет години нема освоено трофеј

epa08596224 Romelu Lukaku of Inter reacts during the UEFA Europa League quarter final soccer match between Inter Milan and Bayer Leverkusen in Duesseldorf, Germany, 10 August 2020. EPA-EFE/Dean Mouhtaropoulos / POOL

Напаѓачот на Интер во професионалната кариера само еднаш има кренато шампионски пехар.

Интер вчеравечер загуби во финалето на ЛЕ, а еден од трагичарите е Ромелу Лукаку иако го постигна првиот гол на натпреварот.

Белгискиот репрезентативец во второто полувреме имаше одлична шанса во контранапад, но не успеа да го совлада голманот на Севиља, а потоа при постигнувањето на победничкиот гол на Шпанците, топката го закачи и влезе во голот на Интер.

Со поразот Лукаку остана без нова шанса да крене шампионски пехар, а тоа го чека веќе една деценија. Единствениот трофеј во професионалната кариера, Ромелу Лукаку го освои во 2010 година кога со Андерлехт триумфира во белгиското првенство.

Потоа играше за Челси но ниту еднаш не дојде во можност да нападне некој трофеј, а исто така играше и за ВБА и Евертон како позајмен играч, за во 2014 година да потпише пернаментен договор со вториот тим од Ливерпул. Лукаку во Евертон остана три сезони по што се пресели во Манчестер јунајтед, а минатото лето потпиша за Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот