Лукаку блескаше, Интер на врвот во Серија А! (ВИДЕО)

twitter.com/inter

Денеска натпревар од 17. коло во Серија А одиграа Интер и Џенова, а домашната екипа забележа сигурна победа од 4:0. Кај гостите поради црвен картон, не играше суспендираниот Горан Пандев.

Домаќините беа фаворити во пресрет на овој меч, а на крајот успеаја да запишат и повеќе од убедлив триумф. Мрежите мируваа до 31. минута, кога првиот гол на дуелот го постигна Лукаку, и таму му донесе водство на својот тим.

Само две минути после тоа Интер дојде и до вториот погодок, а стрелец овој пат на асистенција на Лукаку беше Гаљардини.

Во второто полувреме видовме уште два голови. Прво во 64. минута од белата точка мрежата на гостите ја затресе Еспозито, а конечниот епилог го постави Лукаку со вториот погодок кој беше вистински ремек дело.

„Неро-аѕурите“ после ова коло повторно се првопласирани во генералниот пласман во најсилното италијанско првенство со 42 бодови, колку што има и Јувентус на втората позиција. Претходно Удинезе без Несторовски славеше против Каљари, а вечерва Торино игра против Спал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот