Лукач: Не верувам дека радикалите кои отпатуваа во Сирија сега ќе промовираат мир и соживот во БиХ

Фото: МИА

Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач рече дека најголемата безбедносна закана во моментот е заканата од тероризам и дека повратниците од странските боишта претставуваат предизвик не само за Република Српска, туку и за Европа.

– Тешко е да се поверува дека тие што заминаа на боиштата од радикални верски убедувања се враќаат во БиХ со желба за мир и соживот. Затоа многу е важна борбата против тероризмот и соработката на агенциите за спроведување на законот, не само во БиХ, туку и на меѓународно ниво, рече Лукач.

Зборувајќи за мигрантската криза, тој повтори дека Босна и Херцеговина не е подготвена за какво било задржување на мигрантите и дека единствено што може да се направи во тој случај е мигрантите да поминат низ нејзина територија.

– Граѓаните на Република Српска, но и на Федерацијата на БиХ, веќе ги трпат последиците од мигрантската криза и секој ден гледаме дека никој не сака прифатни центри во близина на нивните населби, истакна Лукач.

Како што рече, она што го загрижува како министер е случаите на „скриени идентитети”, што бара сериозен пристап од сите институции за решавање на мигрантската криза во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот