Лука Јовиќ стана „крал“

EFE/RONALD WITTEK

Српскиот репрезентативец потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид, објави весникот „Марка“, а веста ја потврди и кралскиот“ клуб на својот официјален интернет сајт.
Според информациите, Лука Јовиќ потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид кој ќе му носи 10 милиони евра по сезона.

„Кралскиот“ клуб се согласи да му плати 60 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт, а од таа сум дури 30 проценти ќе одат на сметката на Бенфика.

– Заминувањето на Јовиќ е голема загуба за нас, но добивме финанска понуда која не можевме да ја одбиеме – изјави Фреди Бобич, спортскиот директор на Ајнтрахт.
Лука Јовиќ имаше фантастична сезона за германскиот тим, постигнувајќи 27 голови на 47 натпревари, а дури 10 постигна во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот