Лука Јовиќ ги налути сите во Реал Мадрид (ФОТО)

Фото: twitter/RMOnly

Шпанскиот весник „АС“ објави дека со тој потег предизвикал гнев во Реал во моментот кога треба да се опорави.

Напаѓачот на Реал, Лука Јовиќ, повторно беше мета на критики во Шпанија. Српскиот фудбалер, кој ја заврши сезоната поради повреда на десната нога, на својот Инстаграм е објавена слика со неговите пријатели и скарата.

Шпанскиот весник „АС“ објави дека со тој потег предизвикал гнев во Реал во моментот кога треба да се опорави. „Кралскиот“ клуб смета дека е несмасно да се објавуваат вакви слики во ситуација во која се наоѓа играчот.

фото: твитер

На сето тоа се поставува прашање и од здравствени причини, бидејќи во Шпанија постои протокол во врска со пандемијата на коронавирус и мора да има растојание за време на собирите. Јовиќ веднаш ја избриша сликата, веројатно по совет на некој од клубот, но не помина незабележано.

Минатото лето вкупно 60 милиони евра Реал плати до Ајнтрахт Франкфурт за услугите Јовиќ кој би можел да се најде пред излезните врати на мадридскиот гигант иако има договор до 30 јуни 2025 година.

Во последната сезона за германската екипа имаше 32 натпревари и 17 голови, а во првата за Реал запиша два погодоци во 15 мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот