Лука е фантастичен, тој е господин трипл-дабл

twitter/Dallas Mavericks

Лука Дончиќ продолжува да ги импресионира и фановите и експертите во НБА лигата. Словенецот беше прогласен за играч на месецот во Западната конференција, а веќе во втората сезона во најдобрата кошаркарска лига, тој соборува рекорди.

Во последната победа на Далас над Њу Орленас од 130:84 Дончиќ имаше учинок од 26 поени, 8 асистенции и 6 скокови со што успеа да го надмине Леброн Џејмс во едно постигнување и да се израмни со најобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан.

Лука е првиот кошаркар од 1976 година кој заедно со Џордан и со Оскар Робертсон, на најмалку 18 натпревари по ред постигнувал по минимум 20 поени и по пет асистенции и скокови. Словенецот зад себе ги остави Леброн Џејмс и Расел Вестбрук кои ваков учинок имаат на 15 натпревари во низа.

Дончиќ сезонава просечно остварува по 30.1 поен, 10 скокови и 9.2 асистенции и веќе добива признанија за фантастичните игри. Последен кој му оддаде почит е поранешниот кошаркар на Далас маверикс, Дерек Харпер.

– Лука е фантастичен цела сезона, има неверојатна контрола на топката, поентира и од рекетот и надвор од него. Тој е господин трипл-дабл со неверојатно многу офанзивни оружја и не гледам начин како да биде запрен – вели Харпер кој ги коментира натпреварите токму на Далас и има одличен увид во играта на Словенецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот