Лука Дончиќ му го спасил животот на навивач на Далас

Фото: twitter/Mavs PR

Лука Дончиќ на 21. година ги воодушевува фановите со своите игри во НБА лигата и речиси преку ноќ стана еден од омилените кошаркари дво светот и веќе влијае на животот без да биде свесен за такво нешто.

33-годишниот Колин Кејбл открива дека станал зависник од бензодиазепин и месечно на дрога трошел повеќе од 1.000 долари, но Дончиќ му го спасил животот.

Животот на Колин тргнал во надолна линија во 2018 година кога го напуштила девојката, а музичката кариера не одела според посакуваниот тек. Тој своите „душевни“ болки ги ублажувал со седативи, а потоа е со наркотици, но се се променино кога го повикала мајка му за да му каже дека починал неговиот брат.

Дрогата го зеде мојот брат и почнав да се плашам од неа. На некој начин, тоа беше неговиот најголем и најважен чин да ме заштити“, ја започнува Кејбл својата исповед за „Fansided.com“.

Тој открива дека кога се вратил во Далас повторно да живее со семејството, дури половина година не излегол од домот.

Имав 31 година и бев сам. Трезен, но поразен. Жив, но само во биолошка смисла. Повеќе ништо не беше важно и никогаш повеќе ништо нема да биде важно. Но тогаш пристигна Лука Дончиќ. Еден од последните разговори со мојот покоен брат се случи веднаш откако Дончиќ потпиша за Далас. Тој беше воодушевен, а и јас бев воодушевен, но никој од нас не знаеше дека тоа ќе биде последната работа на која заедно ќе се радување. Во борбата со депресијата ми помогна тоа што го следев секој натпревар на Дончиќ“, пипува Колин.

Сега, две години подоцна, Колин Кејбл е сосема поинаков човек од пред две години.
„Почнав да ги исправам врските кои ги уништив поради зависноста. Без помошта на Донлиќ кој веројатно никогаш нема да го запознаам, денеска не би бил жив. Кога надежта стана недостижна и апстрактна, Лука секоја вечер со своите игри на теренот ми покажуваше дека треба да се борам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот