Лука Дончиќ е суперѕвезда во НБА, неговиот дрес е втор најомилен кај фановите

Словенечкиот кошаркар кој втора сезона е дел од најсилната кошаркарска лига, НБА, Лука Дончиќ освен што ги воодушевува експертите, тој е миленик на навивачите.

Дресот на кошаркарот на Далас маверикс со број 77 е вториот најпродаван дрес откако сезоната во НБА лигата продолжи во меурот во Дизни Ворлд во Орландо. На врвот е кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, неговиот дрес со број 23 е е најпродаван во периодот од 30 јули до 28. септември.

На третото место на најпродавани дресови е тој на Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс, а потоа следат и дресовите на Џејсон Тејтум од Бостон и Јанис Адетокумпо од Милвоки.

Иако не играа во завршницата, Стеф Кари и Кевин Дурант се уште се меѓу најомилените кај НБА фановите, а листата на 10 најпопуларни кошаркари чии дресови се најбарани ја затвораат Демиен Лилард, Каваи Ленард и Џими Батлер.

Интересно е што меѓу најпродаваните е и дресот на центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ е на 14. место на најпродавани дресови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот