Луис Суарез трагичар, Перу за финале против Чиле! (ВИДЕО)

twitter.com/bet365

На крајот после регуларните 90 минути немаше погодоци, па одлучуваа пеналите каде што посреќни беа фудбалерите на Перу.

Во текот на мечот три гола на Уругвајците им беа понишните поради офсајд позиција.

Уште во првата серија трагичар во селекцијата на Уругвај, беше ѕвездата на Барселона, Луис Суарез.

https://twitter.com/SwypeSports/status/1145079570586058753

https://twitter.com/SportCentre8/status/1145079193480257536

До крајот сите беа прецизни на двете страни, но токму поради нереализираниот удар на Суарез од белата точка, со конечни 5:4 Перу се пласираше во полуфиналето.

За пласман во големото финале на „Копа Америка“, Перу ќе игра против селекцијата на Чиле кој претходно со истиот резултат 5:4 на пенали ја елиминираше Колумбија.

Во втората полуфинална пресметка ќе се сретнат можеби и најголемите фаворити за титулата, домаќинот Бразил против Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот