Луис Суарез го откри виновникот за губењето на титулата

На две кола до крајот на Ла Лига, Барселона има четири бода помалку од лидерот Реал Мадрид кој веќе утре може да осови титулата доколку го совлада Виљареал. Но, работите не изгледаа така пред избивањето на пандемијата на коронавирусот, Барселона беше лидер на табелата и речиси сите ја „видоа“ како на крајот нејзините играчи го креваат шампионскиот пехар.

Но, во продолжението од сезоната Барселона не победи на три од седум натпревари и му ја подари титулата на Реал Мадрид, а напаѓачот Луис Суарез нема дилеми кој е виновникот.

– Сами си дозволивме да ни побегне пехарот. Свесни сме дека се зависеше од нас и не бараме изговори. Сега поради нашата гордост и престиж мора да победиме на останатите два натпревари, а потоа да се фокусираме Лигата на шампионите каде имаме шанси за титулата. Доколку играме на нивото поради кое сме во клубот тогаш можеме да се носиме со секого. Секој неуспех може скапо да не чини, така што мора да бидеме внимателни и да ги вложиме сите сили за да го дојдеме до пехарот во ЛШ – вели Суарез.

Барселона во реванш осминафиналниот дуел ја олекува пресметка со Наполи. Во првиот натпревар немаше победник (1:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот