Луис Енрике со комичен коментар за фудбалот без навивачи
Сè поголем е бројот на луѓе кои коментираат дека играњето на фудбалот пред празни трибини е апсурдно..
Фудбалот во светот како и сите други спортови во изминатите неколку месеци е на чекање за целосно „рестартирање“ поради пандемијата на коронавирус.
Полека, но сигурно се враќаат натпреварувањата оваа сезона, но и натаму останува прашањето уште колку време треба да помине за да продолжат евентуално домашните првенства и купови.
Spain manager Luis Enrique:
"Playing without fans is sadder than dancing with your sister."— Sid Lowe (@sidlowe) May 21, 2020
А потоа, постепено се очекува да се донесуваат и одлуки за враќање на навивачите на стадионите и салите.
Сè поголем е бројот на луѓе кои коментираат дека играњето на фудбалот пред празни трибини е апсурдно, бидејќи играчите не ја чувствуваат вистинската атмосфера.
Свој коментар на тоа даде и шпанската фудбалска легенда Луис Енрике, кој го насмеа целиот свет:
– Играњето без навивачи е потажно од танцувањето со својата сестра – рече Енрике.