Луѓето откриваат кои светски ѕвезди имаат грозно однесување – „Гасам телевизор кога и да налетам на него“

Машин ган Кели
. EPA-EFE/JASON SZENES

Откако корисниците на „Reddit“ открија кои ѕвезди се однесувале непристојно кон нив, BuzzFeed ги праша истото своите читатели.

Еве кој сè се најде на листата на непристојни селебритис, пренесува „Indeks.hr“

Клајв Овен

via GIPHY

„Бев обожавател на Клајв Овен се до мигот кога го запознав. Работев во еден трговски центар. Тактички му пријдов кога влезе, да проверам дали е океј, дали му треба помош додека купува. Ме погледна и ми рече„ Молам? Зошто не би бил добро?“
Ок, извини што те прашав…“

Mајкл Бубле

via GIPHY

„Пред многу години, кога Мајкл Бубле беше во врска со Емили Блант, јас и сестра ми отидовме на негов концерт. Ни пријдоа членовите од неговиот бенд и не’ прашаа дали сакаме да одиме на афтерпарти. Кога стигнавме таму, сфативме дека сите присутни беа жени. Мајкл се појави и побара да не снимаме ништо. Една девојка (која имаше можеби 14 години) го праша дали е вистина дека е во врска со девојката од „Ѓаволот носи Прада“. Тој и одговори: „Мислиш, дали ја е*ам?“ Комплицирано е. Потоа ја фати сестра ми за рака и ја гризна, со коментар „Можеш да ме имаш кога посакаш“. Многу беше чудно и непријатно“

Џесика Алба

via GIPHY

„Еднаш ја послужував Џесика Алба во кафуле во Сан Франциско. Беше почеток на 2000тите, кога почна да се емитува серијата Dark Angel, и уште не беше толку позната. Се однесуваше непристојно и не сакаше да нè гледа во очи. Момчето со кое беше во кафулето беше свесен како се однесува, па сакаше да ни угоди и беше прељубезен со сите. Си помислив „Па ти не си ни славна“.

Машин Ган Кели

via GIPHY

„Еднаш беше гостин во луксузен хотел во кој работев. На рацепција правеше хаос за бознае што. Раководителот на хотелот мораше да го замоли да си оди затоа што ги плашеше гостите“

Глорија Стјуарт

via GIPHY

„Можеби ја знаете како Роуз од „Титаник“. Дојде во Дизниленд додека работев на почетокот на 2000те. Се однесуваше како да е дел од кралското семејство. Славните личности во Дизниленд имаат посебен водич и тури. Таа имаше осум водичи и на сите им викаше и бараше нешто. Зборуваше како треба сите да и се тргнуваат од патот, а никој воопшто не ни знаеше која е, ниту му беше гајле“.

Џаред Лето

via GIPHY

„Работев во една радио постава во Чикаго. Џаред Лето беше најголем ш*пак и најгрозоморен од сите. Буквално кога ќе го видам на телевизија, менувам канал, не можам да го поднесам“ – раскажува еден разочаран фан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот