Луѓето во САД и Велика Британија добиваат мистериозни пратки од Кина на домашна адреса (ВИДЕО)

Граѓаните на Велика Британија и САД веќе некое време примаат по пошта чудни пакети со семиња од Кина што не ги нарачале, пишуваат светските медиуми.

Не е целосно јасно зошто луѓето ги добиваат пакетите, но е издадено предупредување во САД.

Пакетите често имаат натпис на кинески дека внатре има накит, веројатно за да се избегнат проверки на биосигурност или дополнителни трошоци.

Иако повеќето пакувања пристигнуваат во САД, од кои 630 во Флорида, луѓето во Англија исто така започнаа да примаат слични пратки, а на социјалните медиуми има објави кои тврдат дека непорачаните пратки стигале и во други европски држави, како и Јапонија, Канада, Тајван и Австралија.

Министерството за земјоделство на САД издаде изјава во која се вели дека тие се свесни дека луѓето низ целата земја примаат ненарачани пакети семиња од Кина.

Министерството за земјоделство смета дека може да биде еден вид измама што ја користат разни компании на Интернет кога сакаат да го подобрат рекламирањето на своите производи. Тие им испраќаат на луѓето пратки со своите производи, за да добијат позитивен коментар на нивната страница.

Одделот за земјоделство откри дека меѓу семињата што ги добиле американските граѓани се нане, зелка, рузмарин,лаванда, хибискус и рози. Тие исто така ги предупредиле граѓаните да не ги насадуваат семињата, туку да ги пријават.

Во Велика Британија, Агенцијата за заштита на животни и растенија при Министерството за животна средина, храна и рурални работи издаде слична изјава:

Биосигурноста е од витално значење и спроведуваме обемни инспекции за да ги заштитиме нашите растенија и дивиот свет, велат од агенцијата.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин изјави дека има ограничувања за испраќање семиња по пошта од Кина.

-Кинеските и американските пошти се во преговори за враќање на овие лажни пратки во Кина, рече Венбин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот