Луѓето ширум Европа ги окупираа плажите, властите одлучија некои да ги затворат
Во Бретања властите затворија пет плажи поради „неприфатливо“ однесување на посетителите.
Големиот број на луѓе на плажите во западна Европа по ублажените рестрикции, и порастот на температурите предизвика загриженост кај властите и кај експертите.
Три градови на северозападот од Франција ги затворија плажите во средата поради „неприфатливо“ непридржување кон социјалната дистанца. Неколку општини во Холандија ги повикаа германските туристи да не ја преминуваат границата во текот на денешниот празник.
Во Англија градскиот совет на Саутхенд најави дека би можел да презема акција откако љубителите на сончањето поитаа на плажите.
Управата за цивилна заштита на холандски Зиланд превремено ги затвори патиштата за возила во приморскиот град Влисинген, додека управата на покраината Лимбург-Норд предупреди дека ќе ги спречи собирањата во центрите на градовите и во шопинг центрите со казнување на луѓето кои ги кршат правилата за социјална дистанца.
Ширум Англија луѓето во средата посетуваа плажи, каде е забележана највисока дневна температура оваа година.
Од друга страна, во Шкотска, Велс и Северна Ирска регионалните власти се уште ги повикуваат жителите да патуваат само ако е неопходно.
И покрај успорувањето на ширењето на коронавирусот, СЗО ги повика населението на земјите кои ги ублажуваат рестрикциите своето однесување да го прилагодат кон пандемијата и така да го сузбијат ширењето на заразата.
Француските власти за трчање, пливање и риболов отворија стотици плажи минатиот викенд, но е забрането сончање, како и пикник на плажа.
Во бретањскиот департман Морбиан властите затворија пет плажи поради „неприфатливо“ однесување на посетителите.
Министрите за туризма на ЕУ во средата постигнаа договор да „направат што е можно побрзо и потполно опоравување на европскиот туризам“.