Луѓето над 65 години со поголем ризик од повторна инфекција со ковид-19

profimedia

Повеќето луѓе кои оздравеле од ковид-19 се заштитени најмалку шест месеци од повторна инфекција, утврдила новата студија. Но, повозрасните луѓе имаат поголема веројатност повторно да се заразат со вирусот отколку помладите.

Студија објавена во медицинско списание „Лансет“ открива дека само 0,65 отсто од луѓето вторпат биле позитивни на ковид-19, откако претходно биле заразени за време на првиот и вториот бран на пандемијата во Данска.

Тоа е многу пониско од 3,27 отсто, колку што имаше позитивни на вирусот по користењето на многу попрецизните ПЦР-тестови, а откако тие претходно беа негативни на таканаречениот брз тест.
Сепак, студијата открива дека луѓето постари од 65 години имаат само 47 отсто заштита од повторување на инфекцијата, во споредба со 80 отсто заштита кај помладите луѓе.

– Нашата студија го потврди она што многу други го сугерираа: повторна инфекција на вирусот е поретка кај помлади, здрави луѓе отколку кај постари лица, кои имаат поголем ризик од повторна инфекција. Бидејќи е поверојатно дека постарите лица ќе имаат посериозни симптоми на болеста, како и смрт, нашите откритија појаснуваат колку е важно да се применуваат мерки за заштита на старите лица за време на пандемија – рече Стин Ителберг, од данскиот „Статенс серум институт“.
Авторите на студијата не открија зошто заштитата од повторна инфекција опаѓа во рок од шест месеци по болеста, но посочуваат дека се потребни дополнителни студии за да се утврди заштита од повторна инфекција со различни варијанти на вирусот.

Податоците што беа предмет на анализа беа собрани со помош на данската Национална стратегија за тестирање, во која беа тестирани 69 отсто од населението, односно четири милиони луѓе во текот на 2020 година.

– Овие податоци потврдуваат, доколку е воопшто потребно, дека можеби нема да можеме да ги исполниме очекувањата за стекнување на заштитен имунитет од коронавирус преку природна инфекција и дека трајно решение е глобална програма за вакцинација со високо ефективни вакцини – наведуваат авторите во статијата поврзана со ова истражување, исто така објавено во истото списание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот