Луѓе од Блискиот исток и северна Африка купиле 15 милиони квадратни метри земјиште во и околу Сараево

Недвижностите, кои само во Сараевската жупанија де факто се во сопственост на граѓани од Блискиот исток и северна Африка, се со големина од 2150 фудбалски игралишта, што претставува 15,3 милиони квадратни метри земјиште, додека помал дел од површината се однесува на 524 станови, објави ЦиН.

Луѓе од Блискиот исток и северна Африка, кои масовно купуваат недвижен имот во БиХ, досега стекнале сопственост на повеќе од 15 милиони квадратни метри земјиште и стотици станови само во Сараево, соопшти денеска Центарот за истражувачко новинарство (ЦиН).

Недвижностите, кои само во Сараевската жупанија де факто се во сопственост на граѓани од Блискиот исток и северна Африка, се со големина од 2150 фудбалски игралишта, што претставува 15,3 милиони квадратни метри земјиште, додека помал дел од површината се однесува на 524 станови, објави ЦиН. кој е специјализиран за известување за состојбата во правосудството и имотните прашања.

Во изминатите седум години, сиот имот е регистриран на 160 компании во сопственост на државјани на Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Сирија, Египет, Либија и други земји. Тие во БиХ основале фирми за да купат недвижен имот преку нив, со што ги заобиколиле законските решенија што спречуваат странски државјани да поседуваат недвижнини во БиХ, освен ако не постои реципрочен договор меѓу БиХ и земјите од каде доаѓаат.

Прочитајте и...  Земјата за која вратите на СЗО се затворени: Успешна против коронавирусот, но претставува политички „трн“

ЦиН потсетува дека „нападот” на недвижности во БиХ почна во 2012 година, посочувајќи дека станува збор за одговор од арапските купувачи „на повиците на некои политичари во БиХ”.

До почетокот на 2019 година, над 1600 компании во сопственост на арапски државјани беа регистрирани во Федерацијата БиХ. Повеќето од нив се во Сараевската жупанија и претежно имаат по еден вработен, а 70 отсто од нив располагаат со минималниот законски пропишан капитал, во износ од две илјади конвертибилни марки, или околу 1020 евра.

Прочитај повеќе

Начинот на кој се бориме со Ковид – 19, може да влијае на соочување со климатските промени

Слободен печат

Врнежи од снег и температура до 6 степени

Слободен печат

Расте бројот на заболени во земјава, засега нема поригорозни ограничувања на движењата

Слободен печат

Над 800 лица починаа изминатото деноноќие во САД, Пелоси со остри критики кон Трамп

Слободен печат

ИНТЕРВЈУ Петар Гошев: Коронавирусoт ќе помине, моралната чума потешко

Слободен печат

Тачи денес ги почнува консултациите за формирање нова влада на Косово, првата средба со Курти

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Државниот архив одбележува 69 години од формирањето

Слободен печат

Забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Слободен печат

Никола Димитров: Се гледа од каде ни доаѓа помошта!

Слободен печат

Руско МНР: Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО се совпадна со денот на бомбардирањето на поранешна Југославија

Слободен печат

Родилка од Куманово позитивна на коронавирус, бебето останува на ГАК, таа оди на Инфективна

Слободен печат