ЛУФТХАНЗА ОТКАЖУВА 1.300 ЛЕТОВИ: Штрајкот на кабинскиот персонал ќе погоди 180.000 патници

Фото: Фејсбук
Авиокомпанијата Луфтханза/ Фото: Архива на Слободен печат

Кабинскиот персонал на Луфтханза денеска и утре ќе имаат штрајк заради што ќе бидат откажани 1.300 летови на германскиот авио-превозник, што ќе погоди 180.000 патници.

Тоа значи дека ќе биде откажан секој петти од вкупно 6.000 летови на авио-компанијата планирани за денес и утре, односно во деновите за кога е закажан штрајк, пренесува агенцијата Ројтерс.

Луфтханза соопштила дека ќе бидат откажани 1.300 летови откако судот во Франкфурт дал „зелено светло“ за одржување на штрајк, бидејќи вчера го отфрлил барањето на авио-компанијата за забрана на штрајковите.

Германскиот синдикат УФО претходно го повикал кабинскиот персонал на Луфтханза да организираат денеска и утре штрајк во борба за подобри плати и услови за работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот