„Луфтханза“ очекува активности на климатски активисти и на летовите

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

„Луфтханза“ ги очекува акциите на климатските активисти на самите летови, се вели во интерен документ што го објавија германските медиуми во неделата.

„Активистите, како редовни патници, би можеле да влезат во авионот и да го нарушат летот, па дури и да го спречат“, стои во интерното предупредување испратено до вработените од страна на менаџментот на „Луфтханза“, објави Хина.

Авионите исто така можат да бидат „загадени“ со боја, како што веќе беше случај со уметнички дела или културни споменици како што е Бранденбуршката порта. На прашањето на медиумите, Луфтханза одби да даде детали, наведувајќи ги чувствителните безбедносни прашања. Во изминатите неколку дена, среде празничната сезона, климатски активисти ги нападнаа аеродромите и го блокираа сообраќајот држејќи се до пистите. Во петокот полицијата во Хамбург уапси неколку активисти кои се обидуваа да влезат во аеродромот и да го спречат сообраќајот држејќи се до пистите.

Адвокатите за германските медиуми изјавија дека намерното прекинување на летот во самиот авион може да има сериозни правни последици за активистите, вклучително и години затвор. Членовите на движењето „Последна генерација“ најавија дека ќе продолжат со протестите додека германската влада не преземе „доволни чекори“ кои би довеле до тоа Германија да престане да користи фосилни горива до 2030 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот