Луфтханза им нуди брзи тестови за коронавирус на патниците за 139 евра

Германската авиокомпанија „Луфтханза” на аеродромот во Франкфурт им нуди тест за Ковид-19, а резултатите се добиваат за неколку часа. Цената изнесува 139 евра за брз тест и дополнителни девет евра за поврзување на резултатите од тестот со податоците од пасошот на патникот.

„Луфтханза” заедно со германската компанија „Центогене” вчера на аеродромот во Франкфурт отвори испитен центар.

– Ваквата процедура на патниците ќе им даде можност да се тестираат на летовите во странство или за престојот во Германија и да можат да го избегнат карантинот, изјави директорот на „Луфтханза”, Бјерн Бекер.

Тој додаде дека за патниците од Германија во земјите како Обединети Арапски Емирати доволен ќе биде тест пред летот, додека кинеските власти би можеле да бараат и тест по слетувањето.

Спорите тестови за Ковид-19, чии резултатите се за шест до осум часа достапен е за 59 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот