Луетиќ: Хрватска има наjбрз раст на новозаболени со ковид-19 во Европа

Фото: mia.mk

Претседателот на Хрватската лекарска комора, Крешимир Луетиќ денеска изјави дека, врз основа на неделна и двонеделна инциденца, земјата има најбрз раст на новозаболени со ковид-19 во Европа.

Според Луетиќ, денеска во Хрватска има речиси 60 проценти повеќе заболени и двојно повеќе хоспитализирани пациенти се на респиратор во споредба со пред четири недели.

Според него, можно е денеска во Хрватска да бидат регистрирани над 2.000 новозаболени, а во следните денови нивниот број да се искачи над 4.000.

Најголем број на новозаразени во Хрватска е забележан на 10 декември 2020 година – 4.620.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот