Лудовик Орбан: Романија нема да има „локдаун“, бидејќи не може да си го дозволи

Романскиот премиер Лудовик Орбан изјави дека гарантира оти нема да има „локдаун” по парламентарните избори, бидејќи Романија тоа не може „себеси да си го дозволи”.

– Гарантирам 100 проценти дека нема да има „локдаун”. Романија не може да си дозволи такво нешто, ниту од економски аспект, ниту од гледна точка на периодот кој следува. Тоа нема да се случи, истакна Орбан.

Тој ги обвини оние кои тврдат дека ќе има такви мерки, нагласувајќи дека се обидуваат да ја намалат поддршката за Национално либералната партија (ПНЛ).

Во Романија од почетокот на пандемијата на коронавирусот се заразени 484.550 луѓе, а потврдени се 11.665 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот