ЛУДОСТ ИЛИ НЕ: УС Опен и Ролан Гарос ќе се играат и доколку се појават случаи на позитивни тенисери на корона

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Претседателот на АТП, Андреа Гауденци изјави дека грен слем турнирите во Њујорк и Париз ќе бидат одржани по секоја цена.

Во желбата да не претрпат милионски загуби со откажување на турнирите, организаторите на двата преостанати годинешни грен слем турнири се одлучи по секоја цена тие да се одржат.

Единствен од најголемата четворка на тениски турнири кој е откажан е Вимблдон кој притоа добро го наплати тоа со 111 милиони евра, додека Австралија Опен се играше на почетокот од годината кога немаше опасност од коронавирусот.

Сега организаторите на УС Опен одлучија турнирот во Њујорк да започне на 31. август без разлика дали на него ќе има заразени тенисери, а истото се однесува и за Ролан Гарос кој е закажан еден месец подоцна.

Претседателот на АТП Андреа Гауденци соопшти дека организаторите на УС Опен ќе го копираат примерот на НБА лигата и ќе ги сместат тенисерите во хотелски компекс каде секојдневно ќе бидат тестирани.

– Се уште ги разгледуваме медицинските протоколи и препораките и поради тоа не сакаме да донесеме избрзани одлуки. Се зависи од состојбата со коронавитусот, жимееме од недела до недела, но тоа што е речиси извесно е дека УС Опен и Ролан Гарос ќе се одржат и нема да бидат прекинати доколку за време на турнирите се појават играчи кои се позитивни на ковид-19. Едноставно е, кога ќе тргнеме нема назад, тенисерите ќе бидат тестирани секој ден, а доколку некој биде позитивен веднаш ќе биде изолиран и оддалечен од турнирот. Незамисливо е да го прекинеме турнирот поради позитивен случај доколку дојдеме до четвртфинале на грен слем – изјави Гауденци.

Иако Гауденци најави дека ќе се копира примерот од НБА лигата, комесарот на најквалитетната кошаркарска лига Адам Силвер, не ја исклучи можноста сезоната да се прекине доколку се појави зголемен број на заразени играчи. Гауденци и АТП не ја споменаа оваа можност за УС Опен и Ролан Гарос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот