Лудница во Милано, пристигна Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

твитер

Златан Ибрахимовиќ денеска ќе потпише договор со Милан.

Шведскиот фудбалер утринава со приватен авион слета на аеродромот во Милано каде беше пречекан од челниците на екипата и веднаш замина на лекарски прегледи по што ќе следи потпис на договорот.


Пристигнувањето на Ибрахимовиќ во Милано, еууфорично беше дочекано од фановите на Милан, во поголеми групи се собраа пред аеродромот и пред клиниката каде ќе бидат извршени прегледите.

Швеѓанецот веќе го одбра бројот со кој ќе настпаува во вториот мандат во Милан, тоа е бројот 21.

Златан Ибрахимовиќ настапуваше за Милан во периодот од 2010 до 2012 година кога одигра 85 натпревари на кои постигна 56 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот