Лудница во Франција, Макрон прво ја откажа, а сега сака да ја врати Лига 1 и тоа со гледачи

EPA-EFE/Julien de Rosa

Француската Лига 1 е единствената од петте најсилни фудбалски лиги во Европа која е откажана поради пандемијата на коронавирусот.

Во Бундеслигата веќе се одиграа пет кола, вчера тргна и Ла Лига, бикендов се враќаат и итлаијанските екипи, а наредната недела тоа ќе го стори и Премиер лигата.

Единствено француската Лига 1 е откажана, а политичките власти сфатија дека донесоа грешна одлука и сега размислуваат како прекинатата сезона да ја завршат на теренот.

Првиот човек на францускиот фудбал, Ноел ле Гре, за весникот „Лекип“ потврди дека лично претседателот Емануел Макрон се заложил Лига 1 да се продолжи и шампионот да се добие на теренот. Макрон сака да оди чекор понапред во однос на останатите европски лиги и сака на трибините да има и навивачи.

– Претседателот е свесен што се случува во светот. Сака што побрзо да се врати фудбалот и тоа со гледачи доколку е возможно. Во наредните неколку дена тој ќе има серија разговори со медицинските експерти по ова прашање – изјави Ле Гре.

Лига 1 беше откажана во април, а за шампион беше прогласен ПСЖ кој во моментот на прекинот беше лидер на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот