Лудница во Белград: Дејан Станковиќ нов тренер на Црвена звезда

EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Дејан Станковиќ ќе биде новиот тренер на Црвена звезда, е веста која одекна како бомба кај навивачите на „црвено-белите“. Главниот адут за еуфорија на „Делиите“ е приватна порака која излезе во јавноста, а Станковиќ ја пратил на некој близок пријател или роднина. Очигледно е дека не можел повеќе да ја чува тајната и да се стрпи со официјалната разделба на Звезда со Владан Милојевиќ.

„Само да ти јавам дека станав тренер на Црвена звезда, напиј се нешто и за мене, поздрав“, гласее аудио пораката на Станковиќ која веднаш се прошири помеѓу навивачите на Црвена звезда кои веднаш ја поставија на социјалните мрежи.

Дејан Станковиќ во српскиот шампион пристигна како 14-годишно момче, а за првиот тим на „црвено-белите“ дебитираше на 16 години и шест месеци со што е вториот најмлад дебитант во историјата на клубот, веднаш зад Милко Ѓуровски.

Тој на клупата на Црвена звезда доаѓа без никакво искуство во самостојно водење на екипи. Тој му беше асистент на Стамачони во Удинезе, а пред неколку месеци почна да ги тренира децата на Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот