ЛУДИ РИТУАЛИ: Со какви бизарни навики живееле познатите личности

џеки кенеди
Фото Профимедиа

Голем дел од личностите кои ќе бидат спомнати во продолжението на текстот биле многу успешни во она што го работеле, но од одредени навики никогаш не се ослободиле.

Писателката Патриша Хејсмит јадела ист оброк, сланина и јајца, а секогаш пред пишување пиела по една чашка жесток пијалак.

Оноре де Балзак пиел големи количини кафе, за да може да пишува цел ден и потоа да дремне околу еден час. Во некои записи може да се најдат податоци дека пиел и по 50 шолји кафе на ден.

Марлон Брандо никогаш не успеал да го најде балансот во исхраната, тој или се изгладнувал или пак, се прејадувал. На ноќните забави во Холивуд јадел и по шест хот-дог сендвичи, но тука не запирал, продолжувал и со десерт.

Стив Џобс бил фрутаријанец и поседувал своја плантажа со јаболка. Неделно јадел само еден до два вида овошје и верувал дека поради тоа не мора да користи дезодоранс.

Џеки Кенеди, наводно, секој ден јадела по еден печен компир полнет со кавијар од белуга и кисела павлака. Кога би се здебелила барем еден килограм, веднаш почнувала овошна диета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот