Луди правила на кралскиот двор: Строгите протоколи мора да се следат, а персоналот мора да извршува неверојатни барања

Profimedia

Секој ден мора да се подготват свежи оброци за кучињата на кралицата, со термометар мора да се мери температурата на чајот, како и да се оди по точно одредени делови од палатата. Иако ви се чини како дел од некоја книга, ова се вистински правила што персоналот во Бакингемската палата мора да ги следи за да бидат среќни и задоволни сите членови на кралското семејство.

Британските медиуми успеаја да дознаат интересни детали за правилата и протоколите на кои вработените во кралското семејство мора да се придржуваат, а кои на сите ни звучат лудо, особено во 2021 година. На крај излегува дека забраната за дадилката Марија Борало да го изговара зборот „деца“ (kids), е најмалку проблематична. Причината е затоа што овој збор во Британија се користи за козлиња, а децата смеат да се нарекуваат исклучиво „children“.

Profimedia

Тоа Марија Борало го научила на престижниот колеџ „Норланд“ во Бат, каде што се школуваат дадилки кои со текот на времето градат кариера работејќи за славни и богати. Дадилките исто така мораат да научат и како да се справат со детското однесување во јавност, да знаат самоодбрана, но и да се снајдат во ситуации кога имаат закани со смрт. Едно од правилата е во униформи да излегуваат од дома, да не преминуваат улица додека не се запали зелено светло за пешаци, со цел да им бидат добар пример на децата.

Личен готвач за кучињата

Како што открива кралската биографка Ингрид Сиворд, во кралското семејство сè се сведува на старомодни манири.

Мислам дека една од причините зошто кралицата ѝ е толку наклонета на Ферги (Сара Фергусон, снаата за синот Ендру) е поради нејзините прекрасни манири, на кои ја научила мајка ѝ“, открива Сивард.

Но, сето тоа е ништо во споредба со другите правила што сите мора да ги почитуваат. Така, на пример, службениците во палатата не смеат да користат колонска вода или парфем што е премногу силен за да не го навредат кралското семејство.

Принцот Филип своевремено имаше вработен што користеше специфична колонска вода, од која му се лошело на принцот. Поради тоа тој мораше да престане да ја користи.“

Додека работел како кралски готвач, Дарен Мекгрејди имал многу работа, но не околу кралското семејство, туку со кралските кучиња за кои секој ден готвел свежа храна, од зајачко или црн дроб, измешано со ориз и зелка.

Кога добив работа во Бакингамската палата немав поим дека ќе готвам за кралските кучиња. Коргите имаа свое мени. Смешно е тоа што мислев дека ќе готвам за кралицата и семејството, за претседатели. А тоа и се случи со текот на времето, но на почетокот готвев за коргите.“

Кога работел во палатата, кралицата имала 12 корги што спиеле во плетени кошници во свои соби, а посебниот третман одел толку далеку што најчесто само кралицата ги хранела.

Кралицата пред нив ставаше храна по ред – најстариот прв добиваше храна, најмладиот последен. Имаше еден слуга, кој во своите џебови ставаше јагнешки котлети за кучињата да скокаат од среќа по него. Тој ѝ беше омилен на кралицата само затоа што коргите го обожаваа“, откри Ингрид.

Profimedia

Невидливи слуги

Ниту готвењето чај во кралското семејство не било вообичаено. Најголеми барања имал принцот Чарлс, за кого чајот со една лажичка се ставал во шолјата, а со друга се додавало млекото. Водата за зелениот чај морало да биде точно 70 степени, додека за „ерл греј“ 100 степени, а тоа се одредувало со термометар.

Исто така, ако се послужува зелен чај, тој мора да стои во врела вода точно три минути, додека црниот пет минути. Наместо шеќер се користи мед, а кога се послужува, рачката на шолјата мора да е свртена надесно, со лажичката ставена под неа.

Кога станува збор за средби на членовите на кралското семејство, послугата мора буквално да биде невидлива. На пример, ако некоја просторија се чисти во тој момент и влезе некој од семејството, послугата мора да се тргне од нивниот видик. Како што откри поранешниот слуга во палатата, Питер Расел, кој за семејството служел од 1955 до 1968 година, „најдобар слуга е оној што никој не го гледа и слуша“.

Бидејќи повеќемина мора да им се на располагање на членовите на кралското семејство во секој момент, тие живеат во палатата во посебни одаи и разделени машки и женски простории. Така, постојат машка и женска кујна, одделен кат за слуги и слугинки и тие смеат да се движат само во катот и просториите во кои „припаѓаат“. Сите тие можат да имаат посети, но стриктно до 22 часот навечер, кога сите што не живеат и не работат таму, мора да ја напуштат палатата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот