ЛУДА ЗАБАВА ВО ВУХАН: Не се почитува ниту една мерка за заштита од Ковид-19 (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Твитер

Токму од местото каде започна светската пандемија со Ковид-19, во Вухан е одржана забава на отворено, на која не се почитувала ниту една од мерките за заштита и превенцијаод Ковид-19.

Иако во градот во кој што сè започна и понатаму се чувствуваат страшните последици на епидемијата, сепак жителите на Вухан се трудат некако да не заборават дека таа и понатаму трае.

Во текот на изминатиов викенд во водниот парк во Вухан се одржувале забави каде што имало голем број луѓе, а мерките за заштита од вирусот баш и не се почитувале.

Проследете ја атмосферата на забавата:

Да ве потсетиме, епидемијата коронавирус започна токму во кинескиот град Вухан, градот во кој што се наоѓа светски познатиот пазар за месо откаде што наводно врусот протече, односно според проценката на тимот на СЗО, најверојатно бил пренесен од лилјак на човек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот