ЛУД РУСИН: Пред “Делиите“ се појави со шал на Партизан (ВИДЕО)

Натпреварот од Евролигата во Белград помеѓу Црвена звезда и европскиот шампион ЦСКА Москва го одбележа инцидентот во кој главната улога ја имаше руски навивач.

Русинот седна на новинарската маса со маица на рускиот тим и со шал на вечниот ривал на „црвено-белите“, Партизан.

„Делиите“ збеснаа поради ваквиот потег на Русинот, почнаа да му свират и да фрлаат предмети кон него, додека обезбедување пријде со цел да го извади од салата.

Тој потоа го симна „црно-белиот“ шал и им се извини на навивачите.
Инаку, фановите на Партизан и на ЦСКА Москва се во братски односи.

Видеото од инцидентот погледнете го на следниот ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот