Луд ј*бе збуњеног

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Ова веќе нема врска само со правото. Овде се е криво. Каде почнува истрагата, каде се меша политиката. Кој кого напаѓа, кој од кого се брани. Кој е овде обвинител, а кој жртва? Обвинетиот станува обвинител, а обвинителот обвинет. Има ли некој во притвор или сите се на одмор. Си ги печат газовите на плажа. И обвинители и судии и обвинети. Никого мува не лази. Кој предмет е сега „главен“, Империја или Рекет. Кое обвинителство гони криминал и корупција СЈО или ОЈО?

Така дојдовме до изворот на мешаницата-политиката. А политиката без медиумска подршка не оди. Откако во целиот галиматијас се замеша и италијанскиот весник „Ла верита“ (Вистина) не се знае што е вистина, а што лага. Ете „Ла Верита“ од „патриотски“ причини решила да се бори за демократијата во Македонија и да ги објави снимките од рекетот врз скопскиот бизнисмен и несуден конзул, во што е „видливо“ замешана специјалната обвинителка. А од каде им ним снимките?

За да не биде апла видливо дека станува збор за домашна продукција односно дека „каменот од блиску доаѓа“ некој им го даде „каменот“на „Ла Верита“ тие да ги објават скандалозните снимки. Иии! Види види богати, утредента новинарите од познатите домашни портали отвораат компјутер и веднаш одат на веб страницата на италијанскиот весник „Ла Верита“. Како секој ден тоа да им е навика – да отвораат италијански портали за да се информираат што има ново во нашата држава. Се виде веднаш кој медиум беше прв, а кој втор, па потоа следeа останатите.

Значи сеуште не навлегувам во суштината на снимката. Само од новинарски аспект ја забележувам провидноста на спонтаноста на играта. Што за волја на вистината е позната пракса во политичко разузнавачките сценарија на „откривање“ на одредена вистина, или пак за денунцирање на одредена личност, партија… Во таквите игри обавезно се искористени медиумите кои трчајќи по тираж или гледаност или кликови стануваат „маша“ на големите мајстори на политичката кујна.

Во тој свет на меѓусебни пресметки веќе нема само вистина. Се може да е вистина и се да е лага. Тоа е зона на самракот.

Што е лекот? Да раздени. Некој во државава мора да ги тргне завесите и да внесе светлина. Не може само да се молчи до недоглед. Да си мислиш дека ако продолжиш да мижиш „злото“ ќе замине.

Тоа ме потсеќа на оној вицот кога мајката го буди синот: Ајде сине стани треба да одиш на училиште!. А тој вели не сакам мамо таму сите ме мразат и наставниците и децата. Ама сине мораш, па ти си директорот!

На политичките напади и интриги може да им застане на патот само независно обвинителство и судство. Го имаме ли? Ајде да го видиме. Власта им даде пас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот