„Луд“ финиш во Италија: Борба за ЛШ, Џенова и Пандев за опстанок

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Од претходно се знае дека Јувентус ја одбрани шампионската титула, но тоа што е во центарот на вниманието е секако борбата за место во Лигата на шампионите.

Вкупно четири екипи се во игра за учество во ЛШ: Аталанта, Интер, Милан и Рома, а „Старата дама“ заедно со Наполи се сигурни во европскиот крем.

Аталанта и Интер го имаат третото и четвртото место со по 66 бодови, следува петтопласираниот Милан со бод помалку, а Рома е на шестата позиција.

Чудо треба да се случи за римската „волчица“ да дојде до билет за ЛШ. Во случај на нејзина победа против Парма, потребно на римскиот клуб ќе му бидат и порази на Аталанта и Интер, како и реми или пораз на Милан.

КАЛКУЛАЦИИ – Аталанта 66, Интер 66, Милан 65, Рома 63

Аталанта – Интер 66 бодови: Аталанта оди во ЛШ поради подобриот меѓусебен скор

Аталанта – Милан 66 бодови: Милан оди во ЛШ поради подобриот меѓусебен скор

Аталанта – Рома 66 бодови: Аталанта оди во ЛШ поради подобрата гол-разлика (+29 – +17), бидејќи два нивни меча завршија 3:3.

Аталанта – Интер – Милан 66 бодови: Интер и Аталанта одат во ЛШ

Аталанта – Интер – Рома 66 бодови: Аталанта и Рома одат во ЛШ

Аталанта – Милан – Рома 66 бодови: Милан оди во ЛШ

Аталанта – Интер – Рома – Милан 66 бодови: Интер и Милан одат во ЛШ

Интер – Милан – Рома 66 бодови: Интер како четврти оди во ЛШ со Аталанта ако освои бод или победи

Интер – Милан 66 бодови: Интер оди во ЛШ, бидејќи е подобар од Милан во меѓусебните дуели

Интер – Рома 66 бодови: Интер оди поради подобрата гол-разлика (+6 во однос на римјаните), а нивните два меча завршија нерешено 1:1, 2:2.

Еднакво возбудлива битка ќе се води утре навечер и за останување во елитата, а во оваа трка се наоѓа и Џенова на македонскиот репрезентативец Гора Пандев.

Џенова гостува кај Фиорентина и ако триумфира ќе се израмни со „виолетовите“ и биде меѓусебно подобра од нив и на тој начин ќе го обезбеди опстанокот.

КАЛКУЛАЦИИ – Фиорентина 40, Удинезе 40, Емполи 38, Џенова 37

Емполи – Џенова 38 бодови: Емполи испаѓа, бидејќи двапати загуби од Џенова 2:1 и 1:3.

Џенова – Фиорентина 40 бодови: Фиорентина испаѓа поради лошиот меѓусебен скор 0:0 и пораз во последното коло.

Удинезе – Фиорентина – Џенова 40 бодови: Удинезе е сигурен, а во тој случај Џенова би морала во Фиренца да слави со два голови разлика.

Серија А, последно 38. коло –

Недела, 20:30 часот:

Рома-Парма
Аталанта-Сасуоло
Каљари-Удинезе
Фиорентина-Џенова
Интер-Емполи
Спал-Милан

Табела:

1.Јувентус 90 бодови
2.Наполи 79
3.Аталанта 66
4.Интер 66
5.Милан 65
6.Рома 63

15.Фиорентина 40
16.Удинезе 40
17.Емполи 38

18.Џенова 37
19.Фросиноне 24
20.Киево 16

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот