Љубовните афери на Доналд Трамп кои Меланија морала да ги прифати

Моќен, богат маж како Доналд Трамп ги има сите предуслови за освојување жени, барем оние кои „паѓаат“ на такви работи. Американскиот претседател често се фали со своите сексуални афери, а тоа е дел од неговиот имиџ што го следи и што неговата сопруга Меланија морала да го прифати.

 

Од 1980 година против Трамп се подигнати најмалку 15 обвиненија за сексуално вознемирување, но повеќето се решени со нагодба.

Ивана Трамп

Profimedia

Неговата прва сопруга Ивана е жената со која има три деца. Парот се венчал во 1977 година и наводно имале прилично добар брак бидејќи Ивана знаела да биде „трпелива и послушна жена“, често зборувал Доналд. Ивана пред да се запознае со Доналд била во брак кој потрајал само две години. Бракот со Трамп се распаднал поради неговата афера со Марла Мејпс.

Марла Мејпс

Profimedia

Трамп и Мејпс се познавале уште од 1980-те, а се зборува дека нивната афера траела со години во текот на кои Доналд вешто ја лажел Ивана. Трамп не губел време и брзо се венчал со Марла, а во бракот ја добиле ќерката Тифани.

Габриела Сабатини

Славната тенисерка наводно имала секс афера со Трамп уште додека тој бил во брак со Ивана и во прељубнички однос со Марла.

Карла Бруни

Profimedia

Сегашната сопруга на Никола Саркози е уште еден доказ дека Трамп преферира странски убавици. Аферата со Италијанката се случила кога таа била млада манекенка и наводно имала своевиден „татковски комплекс“, па често ја поврзувале со постари мажи. Поради Трамп наводно го оставила Мик Џегер. Аферата меѓу неа и Доналд „пукнала“ откако Kарла прилично агресивно барала Трамп да ја остави Mарла поради неа.

Ана Никол

Profimedia

Следната во низата освојувања на Трамп била младата манекенка Вики Смит, која го сменила името во Ана Никол и станала модел на Плејбој, но го оставила Трамп за да се омажи со богат бизнисмен.

Санди Корн

Оваа манекенка, како што самата кажува, излегла на десетина состаноци со Доналд Трамп, а изјавила дека сексот со него било нешто најдобро што доживеала. Ја завршила кариерата како порно глумица.

Сторми Даниелс

Instagram

Бројни се гласините дека на Трамп му се допаднала уште една ѕвезда од филмовите за возрасни, а нивната врска траела само еден месец.

Роуeн Бруер

Zee News

Врската на Трамп со мисицата Бруер траела со месеци, а таа и подоцна пред медиумите зборувала само најубави работи за него.

Алисон Џианини

Следна на пописот е Алисон, агентка за недвижнини, модел и глумица од Романија со која се запознал на состанок на слепо, а како што кажува таа, нивната врска пропаднала бидејќи Доналд уште бил вљубен во неговата бивша жена Марла.

Џеки Сигел

instagram

Таа е една од ретките жени со кои бил, а која е близу до неговите години. Таа изјавила дека Трамп е одличен во креветот, но на Доналд долго не му била интересна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот