Љубовникот на Кејти Прајс: Би ѝ дал оцена 1 од 10, за умешноста во постелата – Слободен печат
ЖенаМагазин

Љубовникот на Кејти Прајс: Би ѝ дал оцена 1 од 10, за умешноста во постелата

Во еден момент и пукнаа конците на градите, раскажува Чарлс Друри, кој за старлетата рече дека е „мрзлива во кревет“.

„И ја лајкнав сликата на Инстаграм, таа ме заследи и започнавме да се допишуваме. После некое време ме повика да се најдеме во хотелот на пијачка. Работите се движеа во добра насока и таа ме повика во својата хотелска соба“ ја започна својата исповед за „Сан“ Чарлс Друри (22), еден од многуте млади љубовници на британската старлета Кејти Прајс (41).

Старлетата неодамна го шокираше светот со својот изглед после операцијата.

Profimedia

„За своите години изгледа добро. Но никогаш не знаете што е природно. Во еден момент и пукнаа конците на градите“ продолжува да раскажува Чарлс, кој за старлетата рече дека е „мрзлива во кревет“.

„Мислев дека тоа ќе биде исполнување на соништата, но на крајот немав со што да им се пофалам на пријателите. Сметав дека тоа ќе биде многу подобро искуство, но на крајот останав разочаран. Имав високи очекувања од неа… Би и дал оцена 1 од 10, за умешноста во постелата“ вели Чарлс.

Instagram

После сексот, кој очигледно не бил најдобар ниту за старлетата, таа подивела. Како што кажува Чарлс, почнала да уништува сè низ хотелската соба.

Парот после таа прва средба, се сретнал уште неколкупати, но како што Чарлс самиот признава, имало и многу опијати…

„Најлошото беше кога немаше спиено 4 дена во својата соба. Само се забавуваше. Ќе престанеше со забавата и ќе започнеше да средува по дома. Ќе седнеше во собата и сè ќе сортираше по големина, а потоа и по боја. Прекинавме брзо после тоа“ рече за крај Чарлс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close