Љубовницата на Џонсон му родила дете кое тој НЕ САКАЛ да го признае – Друг човек го израснал како негово – Слободен печат
ВестиПланета

Љубовницата на Џонсон му родила дете кое тој НЕ САКАЛ да го признае – Друг човек го израснал како негово

Аферата на британскиот премиер е детално раскажана во книга

Покрај тоа што е премиер на Велика Британија, Борис Џонсон е и татко на пет деца. Четири од нив ги добил во брак со Марина Вилер, законската сопруга, додека последното дете го има добиено со некогашната љубовница Хелен Мекинтајр.

Девојчето Стефани, родено во 2009 година, актуелниот британски премиер отпрвин не сакал да го признае, а за приказната да биде уште поконтроверзна, старателството над неа потоа го преземала партнерот на нејзината мајка, Вилијам Кеш. За тоа како тој реагирал кога дознал кој е таткото на детето на неговата девојка, до тоа како Стефани ја прифатил како своја ќерка, тој детално го опишал во својата книга.

Вилијам од самиот почеток знаел дека Хелен има вонбрачна ќерка, но тоа не му пречело да планира заедничка иднина со неа. Сакал да се венча со некогашната љубовница на Борис Џонсон и да биде добар татко на нејзиното дете.

Додека седеле на ручек едно попладне, Хелен одлучила да му ја каже вистината за тоа кој е татко на нејзината ќерка Стефани:

– Вилијам, постои нешто што мора да знаеш. Ова не го знае никој друг, освен мојата фамилија. Очекувам дека ова што сега ќе ти го соопштам ќе остане меѓу нас. Таткото на мојата ќерка е Борис Џонсон – рекла таа и додала дека со актуелниот премиер се знае години наназад и дека некое време работеле заедно.

– Мораш да се сретнеш со него и да му кажеш дека јас ќе ја израснам неговата ќерка како своја – возвратил Вилијам.

Иако Хелен сметала дека и Вилијам треба да се соочи со Џонсон, тој тоа сепак не го сакал. Се надевал дека за неколку години, кога подолго ќе биде во брак со Хелен и кога ќе имаат свои деца, луѓето едноставно ќе престанат да се прашуваат чие дете е Стефани.

Набргу потоа Хелен се сретнала со Борис Џонсон, кој, по она што Вилијам Кеш го опишал во својата книга, прилично мирно ја прифатил веста за Стефани, сложувајќи се со планот некој друг да се грижи за неговото дете.

Можеби Вилијам и Хелен би продолжиле да ја живеат својата бајка, да не прозборел Пјер Ролин, со кој Хелен била во врска по аферата со Џонсон, за вонбрачното дете на неговата некогашна девојка. Благодарејќи на него, светот дознал дека Џонсон, во тоа време градоначалник на британската престолнина, има уште една ќерка од тајната врска со Хелен Мекинтајр, кој судејќи по се, не сакал да признае.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close