Љубовната приказна на најголемата руска глумица и Сталин, влакно не ѝ фалело од глава за време на челичната диктатура

Љубов и Сталин се сретнале неколку пати, а Орлова била единствена која знаела да ја одбие „поканата од Кремљ“, што за други тоа било незамисливо.

Иако починала во далечната 1975 година, а нејзината кариера била пред повеќе од 80 години, во времето на епохалното прминување од нем во звучен филм, Љубов Орлова остана запаметена како најголема руска ѕвезда. Русокосата убавица, џепна Венера, во времето на строгата пролетерска конзервативност, била руската Марлен Дитрих, „комунистичка“ глумица која ги уривала предрасудите, предмет на чезнеење на руските работници и селани и една од ретките глумици со вистински ореол рамен на холивудскиот.

фејсбук

Ѕвездата на рускиот филм и најголемиот секс симбол на советскиот комунистички период, била родена во 1902 година. Владеела на филмското платно во оловните времиња на Сталин.

Била родена во благородничко руско семејство во малото приморско гратче Звјенигород. Уште како мало девојче го одбрала патот на песната, танцот, глумата, театарот, но главно имала мали и незабележани улоги во немите руски филмови. Сосема неочекувано и филмски, својот лет во орбитата го направила на 32-годишна возраст во една од најпопуларните руски комедии „Овчарот Костја“ (1934.). Кога филмот го видел Сталин веднаш подлегнал на нејзиниот неодолив шарм и широката насмевка, а урбаната легенда вели дека наредил на неа и на нејзината ќерка Свјетлана да не падна „влакно од главата“. Како главна глумица на СССР Љубов била закитена со бројни ордени, медали, признанија кои и ја осигурале титулата на недопирлива љубимица на Сталин.

Прочитајте и...  Хибискус: Моќна билка која го нормализира високиот притисок

Живеела на висока нога, во двоспратна куќа со подрум, опкружена со висока ограда, копија на вилата на Чарли Чаплин во Холивуд.

Љубов и Јуриј Гагарин, фото Фејсбук

Во следните неколку години глумела во четири популарни филмови кои исто така станале советски класици: Циркус (1936), Волга -Волга (1938), Тања (1940) и Пролет (1947).

Ја добила наградата Сталин во 1941 година, а во 1950 година станала прва жена која ја примила титулата Народен уметник на ССРР, за нејзините кинематографски дела. По оваа награда се префрлила на театарски улоги.

Не знаела ништо за животот на првиот сопруг откако бил приведен, а подоцна се премажила, фото Фејсбук

Иако сама признала дека „живеела во постојан страв“, и дека наводно на денот кога Сталин починал изјавила „ѕверот најпосле пцовиса“, вистинската природа на нејзината врска Сталин останала мистерија. Во сомнеж се и нејзините биографи кои се уште не се сигурни дали меѓу Љубов и Сталин „нешто имало“ или не.

Факт е дека Љубов и Сталин се сретнале неколку пати и дека Орлова била единствена која знаела да ја одбие „поканата од Кремљ“.

Интересно е и тоа што навистина го проживеала времето на најстрашно државно насилство без „влакно да и фали од глава“, иако нејзиниот сопруг секогаш под креветот чувал подготвен куфер со најпотребните работи во случај да биде приведен.

Прочитајте и...  Како да мирисате како Мадона?
Со режисерот Грирориј Александров, вториот сопруг на Орлова. Фејсбук

Една анегдота вели дека Сталин и рекол на Орлова: „Ако вашиот маж ве налути, ние ќе го обесиме“. Александров сопбрал сила и прашал: „ А зошто би ме обесиле? “, „Па за врат!”, се насмеал Сталин. Харизмата на големата глумица можеби била дури и преголем залак за самиот Сталин. „Најдрагата глумица на Сталин“ го преживеала и надживеала.

Но, Орлова била сè само не „подобен кадар“ на режимот, се издвојувала по сè што се случувало околу неа, а околу неа исчезнувале нејзините соседи, пријатели, колегите глумци. Иако била главна глумица на советскиот филм, никогаш не била членка на Комунистичката партија, ни дел од државните режимски форуми, а се дружела, како призната и голема глумица, со светкисте филмски имиња како Софија Лорен, Чарли Чаплин…, била облечена во светски модни марки.

Сепак, за тогашните прилики, Орлова криела дека е од „криво потекло“, поточно дека е од аристократско семејство, што во времето на Сталин бил податок поради кој се губеле глави, градскиот статус и напредување во кариерата. Била дури и роднински поврзана со големиот руски писател Лав Толстој, кој ѝ напишал посвета на една книга кога Љубов била девојченце.

Орлова го преживеала и својот прв сопруг – Андреј Берзин, кој како советник на министерот завршил во затвор, но за чудо, и не по традиција на сталинизмот, не ја повлекол со себе и сопругата и поблиското семејство.

Прочитајте и...  Анџелина Џоли на 16 и 44 години: Прашува на која слика е поубава (ФОТО)

Легендата вели дека Орлова еднаш се осмелила лично да го праша Сталин за судбината на својот маж, а по извесно време била повикана од политичката полиција каде ѝ било кажано: „вашиот поранешен маж е во изолација во Казахстан, но ако сакате може да му се придружите“. Орлова само климнала со главата и од таа страшна зграда заминала засекогаш, плашејќи се дека еднаш, во некоја глува ноќ, некој ќе и чукне на вратата и засекогаш ќе ја оддели од домот.

Освен што го криела своето потекло, Орлова ја криела и големата тајна, нереална за една глумица. Имено, се грозела од светла! Спиела во соба со тешки црни завеси и мразела сонце.

фото Фејсбук

Нејзините биографи наведуваат дека снимањето со запалени рефлектори за неа било вистинска мака која ја поднесувала само поради големата љубов кон филмот.

Година пред да почине, во 1974, Љубов Орлова го снимила својот последен филм.

Починала на 26 јануари 1975 година од рак на панкреасот. Во 2014 година, адвокатот А. Добровински, ја купил куќата на Љубов Орлова и Григориј Александров, како и личната архива на актерката и режисерот.

Прочитај повеќе

Јапонската актерка од хорор филмот „Ring“ пронајдена мртва во домот

Слободен печат

Верувал дека душите на мртви Индијанци влегле во него, бил голем заводник, требал да стане филмаџија, но судбина му била музичката сцена!

Слободен печат

Деми Мур се уште влече трауми од „валканите нешта“ на кои ја принудувал поранешниот сопруг Ештон Кучер

Слободен печат

Неуништливата Меги, била прва фотографка на воените фронтови, прва фотографка на „Лајф“ и прв фотограф во светот примен во Советскиот Сојуз

Слободен печат

Здрави и убави – Четири состојки што го отстрануваат целулитот

Слободен печат

Холивудскиот заводник сака само една жена 19 години: Кога таа ќе ме погледне ми се затресуваат колената

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ким Кардашијан е најлошата сестра на светот, објавила ретро фотографија на која само таа изгледа добро (ФОТО)

Слободен печат

Сè што треба да знаете за популарната и суперефикасна Кето диета пред да почнете да ја држите!

Слободен печат

Најлудото интервју во 2020: Српскиот актер Андрија водеше „сериозна дебата“ со свињи (ВИДЕО)

Слободен печат

Како да мирисате како Мадона?

Слободен печат

Веднаш ќе го реши вашиот проблем – Елиминирајте го лошиот здив со овој едноставен трик

Слободен печат

Ако не сте мотивирани за работа, можеби сте осамени – размислете за тоа!

Слободен печат