Љубов во време на корона: Вечерва Дац, Митевски и Наташа Скендеровски прават фејсбук-седенка во живо

Музичкото дуо составено од Драган Спасов-Дац и Александар Митевски одлучија да направат мало изненадување и да го разубават и размрдаат седењето дома, па така, за вечерва во 20 часот најавија вклучување во живо од нивната фејсбук фан-страна. Како што сподели дуото, подготвуваат мала музичко-забавна програма која ќе се одвива во студио Скендеровски. Седенката на која ќе се пее, зборува и едуцира за музиката, ќе биде достапна во живо на јутјуб и фејсбук.

Со сет од наши и ваши омилени песни, ќе промуабетиме за интересни нешта, а низ програмата домаќин ќе ни биде Бојана Скендеровски. Ќе ве потсетиме на препораките од Министерството за здравство, а со нашата музика „ќе дојдеме на гости“ во сите Ваши домови. Бидете со нас!“ порачаа тие.

Пред неколку дена, Дац, Александар Митевски и Наташа Скендеровски преку подарок песна, им се заблагодарија на сите херои на денешницата кои се вклучени во борбата со актуелниот коронавриус. Станува збор за преработка на македонската песна „Љуби ме и главата горе“ која доби и интересен видео запис, преку кој им се оддава почит на сите медицински лица, Армијата, Црвениот крст и сите други институции кои го жртвуваат својот живот за да помогнат во борбата со вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот