Љубоморно куче нападнало бебиња додека мајката зборела со соседите: Убило близначки стари 26 дена

Илустративна фотографија / СП. архива

Новородени близначки од Бразил биле нападнати и убиени од семејното куче во домот.

Вознемирувачкиот инцидент се случил во градот Пирипа, само 26 дена откако биле родени близначки Ан и Анали.

Локалните медиуми пренесуваат дека нивната мајка Елејн Новаис чула звук кој доаѓал од собата во која биле сестрите додека разговарала со соседите.

Кога влегла во собата, видела како нивното куче го напаѓа бебето, пренесува Мирор. Таа успеала да го тргне кучето од нив и повикала пријател кој е здравствен работник да им помогне.

Елејн, која девет години се трудела да остане бремена, го тргнала кучето од бебињата, но тој веќе успеал да им нанесе голема штета.

Девојчињата веднаш ги однеле во болница. Едното веднаш било прогласено мртво, а другото било во тешка состојба. Докторите направиле се што можеле, но не успеале да го спасат животот ниту на другото девојче.

Локалните власти рекле дека не планираат да покренат истрага за случајот.

Фамилијарен пријател рекол за медиумите дека кучето, најверојатно лабрадор, досега секогаш било питомо.

– Веруваме дека по раѓањето на близначките кучето останало на страна и веќе немал внимание и наклонетост кои претходно ги добивал. Тоа можеби предизвикало љубомора, заради што и веројатно ги нападнал децата, рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот