Љубоморна мачка со урнебесна реакција: Си играш со оган! (ВИДЕО)

Сопственичката на инстаграм-профилот @Catsandmusic, Михаела Струлеа со своите пријатели секојдневно споделува видеа од својата мачка Цици.

Во една од последните објави на Михаела таа покажа колку нејзината мачка Цици е љубоморна доколку таа се гали со некој друг.

„Како изгледа љубомората…Женска верзија“, напиша таа под видеото на кое гали друга мачка, додека Цици љубоморно ги гледа.

Видеото е прегледано илјадници пати.

„Мачките се многу љубоморни“, „Преслатка е“, „Биди внимателна, си играш со оган“, беа само дел од коментарите на обожавателите. Но, имало и онакви на кои снимката воопшто не им се допаднала.

„Не треба да ја доведуваш својата мачка во таква позиција за да собереш повеќе следбеници“, „Мислам дека е ужасно тоа што го правиш на својата мачка“, се само некои од негативните коментари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот