Ужасна семејна трагедија се случила сниќа во Србија во местото Мол во Бачка, а како што информира курир.рс, мотивот за несреќата најверојатно бил љубомора.
До трагедија дошло кога 58-годишниот К.Л. во момент на растројство ја полил со бензин својата сопруга и ја запалил, а потоа извршил обид за самоубиство.
Според неофицијални информации на курир.рс, тој жената ја полил со бензин, а потоа сакал да ја спаси, но откако не успеал, се обидел да се убие откако примил 20 дози инсулин, бидејќи бил дијабетичар.