Љубљана со специјални пакети и дневни понуди за спас на туристичката сезона

Фото: Архива на „Слободен печат“

Како што објавија претставници од градот, подготвени се три различни пакети, односно еден за цели семејства, друг за оние кои сакаат екстремни спортови и авантури и трет за љубителите на културата и гастрономијата.

Локалните власти во Љубљана со специјални понуди за домашните туристи ќе се обидат да ја спасат летната туристичка сезона погодена од епидемијата на коронавирусот.

Главниот град на Словенија подготви дводневни понуди за домашните туристи со цел да дојдат и на тој начин да го ублажат големиот пад во секторот угостителство и сместување.

Како што објавија претставници од градот, подготвени се три различни пакети, односно еден за цели семејства, друг за оние кои сакаат екстремни спортови и авантури и трет за љубителите на културата и гастрономијата.

Словенечката Влада со цел да го стимулира и помогне домашниот туризам на граѓаните им додели ваучери во вредност од 200 евра кои можат да се искористат за плаќање на сместување во домашните капацитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот