Љубителите на високи октани уживаа на денешниот собир (ГАЛЕРИЈА)

Денеска во организација на Авто Мото Клубот – АСУЦ се оддржа петтиот по ред собир на сопственици на возила од целата држава.

На полигонот во дворот на средното училиште АСУЦ „Боро Петрушевски” учество земаа околу 220 автомобили во повеќе категории.

Според информациите од организаторите, возилата беа поделени во неколку категории, како фабрички модели со помоќни мотори, автомобили со доработка на истите (тјунирани), како и олдтајмери.

На настанот присуствуваа неколку мото-клубови од државата кои ги прикажаа возилата на своите членови, но и индивидуалци кои се љубители на возила со високи перформанси.

Околу 2.000 посетители можеa да уживаат во интересните експонати, како и да го почувствуваат мирисот на гориво и гуми кое е составен дел од ваквиот вид на собири.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од овој настан.

[foogallery id=”21703″]

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот