Љубица Трифунова: Во тренд е негувана и здрава коса и минималистичка шминка

Трендовите на убавина водат кон истакнување на природната убавина, а не во претерување, вели Љубица Трифунова.

Наш соговорник е Љубица Трифунова од Центарот за едукации „Акт“, познат по обуки, едукации и доусовршување на занаети и вештини во областа на убавината. А, благодарение на експертскиот тим во овој Центар за обуки, за краток период може да се стекнете и со лиценцирана диплома и со знаење.

За сите предности на обуките и единственоста на „Акт“ на македонскиот пазар, ќе дознаете од разговорот со Љубица.

Како ја опишувате вашата работа и колку години сте активни на пазарот?

– Креативна и секогаш многу иновативна со многу прогресии во текот на изминатите дваесет години колку што постоиме на пазарот во Македонија.

Кои се ваши клиенти, односно кандидати? Со каква диплома се стекнуваат и што понатаму би можеле да работат со стекнатото образование, односно, со занаетот?

– Наши кандидати се сите оние кои имаат мотивација и сакаат да се стекнат со нови вештини и знаења или доколку веќе имаат некое познавање, a сакаат да ги усовршат своите вештини и да го применуваат тоа во практика. Во зависност од програмата која ја посетуваат кандидатите и времетраењето на истата, варира статусот на дипломата. Нашиот центар за обуки „Акт“ опфаќа голем спектар на едукации во областа на убавината. Пример, обуката за фризери е во времетраење од три месеци и кандидатите се стекнуваат со верификувана диплома. Додека пак, имаме и брзи обуки, односно еднодневни, со кои кандидатите добиваат потврда за завршена обука и слично.
Покрај верификувана диплома, уверенија и сертификати „Акт“ има склучено соработка со интернационален едукатор за екстензија на трепки, Милена Проданова, при што кандидатите се здобиваат со интернационална KALLOS диплома.
По завршувањето на обуките, нашите кандидати се обучени самостојно да продолжат со својата работа, а центарот за едукации секогаш им нуди понатамошна подршка и соработка.

Колкав период е потребен за да кажеме дека сме го „испекле“ занаетот?

– Занаетот се пече цел живот. Искуството, упорноста и надградување во работата го прават еден стилист комплетен во својата работа.

Со кои ментори и професори соработувате, дали имате соработка со професионалци од странство?

– Нашиот тим се состои од врвни професионалци кои долгогодишно, посветено ја работат својата работа. На чело на нашиот тим е мајстор – фризер Весна Трифунова, која ги работи фризерските обуки и модули, потоа, мастер е едукаторот за шминка Љубица Трифунова Ѓорѓиева, Дијана Димитриевска е мастер едукатор и добитник на многубројни награди за екстензија на нокти, првиот мадеротерапевт во Македонија, Бојан Макревски, кој несебично го споделува своето знаење во обуките за масери и мадеротерапевти, интернационалниот едукатор за екстензија на трепки, Милена Проданова, и уште многу други надворешни соработници кои ги надополнуваат нашите обуки.

Дали интересот за козметички услуги, и воопшто услуги за убавина, е зголемен во однос на изминатите години?

– Апсолутно! Самите модни трендови и социјални медиуми се најголеми „виновници“ за зголемување на козметичките услуги и желбата на клиентите кон совршенство.

На кое ниво е услугата за убавина во Македонија? Дали сме конкурентни со светските трендови?

– Во изминативе три години, услугите за убавина се на значајно повисоко ниво од било кога претходно. Слободно можам да кажам дека Македонија е сериозен конкурент во светските трендови.

Кои се „бјути“ трендовите за сезоната пролет/лето 2020?

– Негувана и здрава коса, минималистичка шминка, боење на веѓите со кана, брзата изработка на нокти со таканаречен „dipping powder“. Трендовите водат кон истакнување на природната убавина, а не во претерување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот