Лубеница во летото: Хидрирана кожа и негувано лице

Лубеница
Фото: Profimedia

Од лубеницата се употребуваат сите делови за нега и убавина, на нашето лице и тело.

Внатрешноста на лубеницата е сочна, со што е видливо колку се големи нејзините хидратациски својства. Кората можете да ја користите за обновување на оштетената кожа. Семките од лубеница претставуваат протеини кои со додатокот на масни киселини, ја хидрираат и помагаат во затегнувањето на кожата.

Лубеницата е составена од 90% вода – тоа се екстремно навлажнувачки својства, со што ја омекнува кожата. Таа ги намалува брчките и има позитивен ефект врз сувата кожа.

Состојки со кои е најдобро да се комбинира лубеницата

Хијалуронската киселина ќе го зголеми ефектот на хидратациониот потенцијал на лубеницата, со ексфолијантите како што е млечната киселина. Доколку сакате да го зајакнете антиоксидантниот ефект, додајте витамини Ц и Е.

Најголемата предност на лубеницата е што позитивните ефекти врз кожата, се видливи веднаш. Меѓутоа, ако целите кон долгорочни ефекти тогаш се советува и подолга употреба – минимум 30 дена, време за кое клетките целосно ќе се регенерираат.

Таа е погодна за сите типови кожа со оглед дека е овошје и целосно природен препарат.

Нејзините ефекти вклучуваат антиинфламаторни својства. Делува како превенција од акни и осипи, ја смирува иритираната кожа и го намалува црвенилото.

Кое време од денот е најдобро за третман со лубеница?

Д-р Ли од Франција советува дека е најдобро „да ја разбудите кожата со лубеница“.

Сокот од лубеницата како тоник за чистење на кожата, можете да го нанесете наутро и навечер. Поради омекнувањето на кожата, овозможува продирање на средствата со кои го храните и негувате лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот