Љубе Бошковски поради компликации со коронавирусот префрлен на Инфективна

Фото: Фејсбук

Претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, синоќа бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со ковид-19, објавија дел од медиумите.

Редакцијата на „Слободен печат“ се обиде да добие информација од Инфективната клиника, но засега нема потврда.

Детални информации за неговото здравје, исто така нема, но според медиумите ситуацијата се искомплицирала.

Бошкоски е позитивен на Ковид-19 од минатата недела, а за тоа самиот извести. Наводно правел тест за проверка затоа што сакал да патува во Хрватска, но се покажало дека е заболен.

Љубе Бошковски е позитивен на ковид-19: Деновите ги поминува во карантин во Челопек, прави зимница

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот