ЛСИ: Албанија се наоѓа во сериозна политичка криза, потребен е дијалог со партиите – Слободен печат
ВестиРегион

ЛСИ: Албанија се наоѓа во сериозна политичка криза, потребен е дијалог со партиите

Партискиот потпретседател, Луан Рама изјави дека условите на Бундестагот треба да бидат во „центарот на политиката, за доброто на земјата и граѓаните".

Албанија се наоѓа во тешка ситуација, така што партиите мора да седнат на дијалог за надминување на политичката криза.

Ова е ставот на третата по големина политика партија во земјата, Социјалистичкото движење за интеграција(ЛСИ), кое е дел од обединетата албанска опозиција.

Партискиот потпретседател, Луан Рама изјави дека условите на Бундестагот треба да бидат во „центарот на политиката, за доброто на земјата и граѓаните”.

– Албанија се наоѓа во сериозна политичка криза, а германскиот Бундестаг ги повикува сите демократски сили во Албанија да преземат итни чекори за надминување на оваа криза преку политички дијалог. Неуспехот со датумот за преговори со ЕУ, е показател за недостиг на политичка волја од страна на владата, рече Рама.

Тој ја спомена и изјавата на Јури Ким, кандидатка на САД за амбасадор во Тирана, пред Комисијата за надворешна политика на Сенатот на САД која рече дека еден од приоритетите на нејзината работа ќе биде решавање на политичкиот ќор-сокак. Додаде дека овие пораки треба да бидат одраз на албанската политичка класа.

– Што чекаме? Или доминираат други интереси кои немаат никаква врска со интересите на земјата, тие саботираат и провоцираат да не одат на политички дијалог, посочи Луан Рама, потпретседател на ЛСИ.

Претходно Љуљзим Баша, лидер на Демократска партија, која ја предводи обединетата опозиција, порача дека земјата мора да оди на предвремени избори, за да има легитимен парламент и влада.

По средбата со репортерите на Советот на Европа, тој во изјава за новинарите додаде дека „трпението кај народот е при крај” и оти е време Социјалистичката партија да размисли за злото што и го прави на земјата и да се одрази зашто „никогаш не е доцна”.

Државниот министер за односи со Парламентот, Елиса Спиропали му возврати на Баша дека мора да ги почека редовните избори за да се врати во парламентот. Додаде дека владата нема време за губење и оти со или без опозицијата, во декември ќе ги изгласа изборните реформи, според препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close